logo
logo
logo

Јамал после победата ги спушти шорцевите како одговор на забелешките на холандската легенда

Vecer | 24.03.2025

Јамал после победата ги спушти шорцевите како одговор на забелешките на холандската легенда

Вистинска драма синоќа видовме во пресметката меѓу Шпанија и Холандија. На првиот меч во Холандија беше 2:2, а по 90 минути во Шпанија резултатот беше идентичен, па и тој меч отиде во продолженија.

Шпанците успеаја да поведат кон крајот на првото продолжение. Во 103. минута Ламине Јамал погоди и ги доведе Шпанците во водство, но Холанѓаните се вратија во игра, а во 109. минута Симонс беше прецизен од белата точка за 3:3. Резултатот остана непроменет до крајот, а следеше пенал серијата.

Барт Вербруген му одбрани пенал на Јамал, но од друга страна непрецизни беа Ноа Ланг и Дониел Мален, па Шпанците на крајот се радуваа.

Во пресрет на натпреварот, поранешниот холандски репрезентативец и сегашен ТВ аналитичар Рафаел ван дер Варт го критикуваше 17-годишниот Јамал. На славниот Холанѓанец му пречело тоа што младата ѕвезда на Барселона си игра со шорцевите прилично ниско.

„Забележав некои работи за Ламине Јамал кои навистина ми пречат“.

По завршувањето на натпреварот, Јамал му одговори на Инстаграм. Тој и Нико Вилијамс ја прославија победата со спуштени шорцеви, а младата ѕвезда на Барселона ја напиша фотографијата на која се наоѓа и Ван Дер Варт: „Шорцеви, гол, промашен пенал и до полуфинале. хехехе! Напред Шпанија!“


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk