logo
logo
logo

Милан го има Рафа Леао…доволно за победа, мечот доцнеше половина час поради страшно невреме во Милано!(ВИДЕО)

Vecer | 23.09.2023

Милан го има Рафа Леао…доволно за победа, мечот доцнеше половина час поради страшно невреме во Милано!(ВИДЕО)

 

Во меч од 5.коло во Серија А, попладнево на „Сан Сиро“, Милан со 1:0 ја победи Верона. Тешко, но заслужено. Со овој триумф Милан колку толку се рехабилитира по катастрофата минатиот викенд на градското дерби. Одлучувачки беше голот на Рафа Леао и тоа во 8.минута. Ова се значајни три бода за тимот на стратегот Пиоли.

Инаку овој меч доцнеше речиси половина час и тоа поради страшното невреме кое го зафати Милано. Тоа се чини беше “библиски потоп“, немаше никакви услови за игра па затоа место во 15 часот, овој натпревар започна во 15.25 часот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk