logo
logo
logo

Менаџерот на Олмо откри: Тој е под голем стрес!

Vecer | 03.01.2025

Менаџерот на Олмо откри: Тој е под голем стрес!

Дани Олмо летово се врати во Барселона десет години откако ја напушти нејзината академија и замина во Динамо. Враќањето на Олмо скапо ја чинеше Барселона. Го врати со обврска да му плати отштета од 55 милиони евра на Лајпциг. Во првиот дел од сезоната, Олмо одигра 15 натпревари за Барса, постигнувајќи шест гола и постави еден.

Но, тогаш се појави голем проблем. Поради прекршување на правилата за финансиски фер-плеј, Ла Лига и оневозможи на Барселона да го регистрира Олмо за 2025 година. Важен играч на Барселона и официјално е избришан од тимот. Неговиот картон го нема меѓу играчите на Барселона на сајтот на Ла Лига.

Оваа одлука ја влошува финансиската состојба на Барселона и клубот би можел да остане без вкупно повеќе од 260 милиони евра. Олмо сега технички е слободен агент. Сепак, неговиот агент Енди Бара му рекол на Фабрицио Романо дека Олмо сака да остане во Барселона и дека не размислуваат ни за друга опција.

Бара сега во интервју за порталот Give Me Sport изјави:

“Ова е стресна ситуација за Дани како што би било за секој друг играч. Но, тој е одличен играч и личност, тој се труди да остане смирен. Се разбира, Дани е победник и сака да игра, а не да ги гледа Барселона е првата и последната опција, неговиот татко и јас, не размислуваме за други опции“. 

Тој рече дека парите не се одлучувачки фактор и дека Олмо нема да ги искористи околностите за да добие поголем договор во друг клуб:

„Никогаш не сме донеле никаква одлука за кариера поради парите. Дани игра фудбал затоа што ја сака играта, направи одлично напори да биде во Барселона. И јас сум среќен што Дани е во Барселона, тој е еден од најдобрите играчи во светот во еден од најголемите клубови во светот. Ги почитуваме претседателот Лапорта и Дек. Многу се трудеа да го доведат Дани минатото лето. Ни се допаѓа нивниот проект, голем е за иднината, еден од најдобрите во светот во следните години. Целосно веруваме дека Барселона во иднина ќе ги освои сите титули како во ерата на Меси. Играчот, семејството и јас, сите сакавме Дани да биде во Барселона“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk