Фудбалерите на Реал Мадрид рутински ја совладаа екипата на Депортиво Минера со 0:5 натпреварот од 1/16 финалето на шпанскиот куп. Карло Анчелоти им даде шанса и на неколку дебитанти од Б-тимот на Реал кои имаа можност да одиграат натпревар со првотимците и да го запишат својот прв настап во дресот на „кралскиот“ клуб.
Реал поведе уште во 5-тата минута преку Федерико Валверде, а во 13-тата минута Камавинга го зголеми водството. До крајот на првиот дел Арда Ѓулер го постигна и третиот гол за мадриѓаните во 28-та минута. Во второто полувреме Лука Модриќ постигна гол во 55-тата минута, а финалниот удар го зададе Арда Ѓулер со втор погодок во 88-та минута.