logo
logo
logo

Марче ја прекина победничката серија на Рамадан

Vecer | 13.03.2021

Марче ја прекина победничката серија на Рамадан

Македонскиот напаѓач Марко Симоновски со два гола ја донесе победата на Фероникели над Приштина со 2:0 во 25. коло на косовскиот шампионат. Интересно, Приштина која ја предводи Зекирија Рамадан имаше осум победи по ред, или серија без пораз од 17 натпревари, но наиде на цврст противник.

Марко Симоновски погоди во 45. минута, а потоа и во 76. минута за конечни 2:0.

За поранешниот напаѓач на Волунтари, Сепси, Лахти и уште неколку европски клубови како и скопски Металург ова се првите голови во првата сезона во Косово.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk