logo
logo
logo

Манчестер Сити го избра наследникот на Пеп Гвардиола?!

Vecer | 12.05.2026

Манчестер Сити го избра наследникот на Пеп Гвардиола?!

ФОТО: Manchester City F.C./FB

И тоа како ќе биде интересно на „Етихад“ по завршување на сезоната, без разлика дали Манестер Сити ќе биде шампион или не. Имено тогаш ќе се дознае дали Пеп Гвардиола си оди или ќе остане барем уште една сезона. Италијанскиот тренер Енцо Мареска е единствениот кандидат да го преземе Манчестер Сити доколку Пеп Гвардиола одлучи да го напушти клубот на крајот од сезоната, ова го најави експертот за трансфери Фабрицио Романо.

Поранешниот тренер на Челзи и Парма наводно го чека исходот од ситуацијата на „Етихад“, пишува football-italia.net. Мареска беше помошник тренер на Гвардиола во сезоната 2022/23, кога Манчестер Сити ја освои историската тројна круна. Неговата врска со клубот оди уште подлабоко, со оглед на тоа што тој го водеше младинскиот тим на Сити во сезоната 2020/21.

Останува да се види прво дали Пеп ќе си оди а второ дали навистина Мареска ќе ја преземе клупата на “грашаните“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk