Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, објави дека нема намера да ја напушти функцијата. 79-годишниот функционер, исто така, ги негираше извештаите дека има сериозна болест.
„Многу ми е жал што морам да ви кажам, но нема да поднесам оставка… Нема да поднесам оставка! Против мене се водат кампањи. Но, јас сум сè уште тука и сум претседател. Луѓето велеа дека имам рак, но сето тоа беше лага. Не сум уморен“, рече Перез на прес-конференција.
Тој истакна и дека е далбоко убеден дека разни медиуми водат координирана кампања за дискредитирање на Реал.
„Реал Мадрид е највредниот клуб во светот, со најголеми приходи и најсилниот бренд во светскиот фудбал. Зошто новинарите се обидуваат да го напаѓаат најпознатиот клуб во светот? Реал Мадрид е ситуација во која сите добиваат и е богатство во светот на фудбалот. Исто така, имаме најскап тим во светот, според Transfermarkt. Постигнавме нешто што никој друг не го постигнал. Но, сега сакаат да нè уништат затоа што не ја победивме Барселона во нашиот последен натпревар. Тоа е планирана акција“, рече Перез на прес-конференцијата.