logo
logo
logo

Лудница во Бергамо: Голчиште на Муриел – Милан на „колена“ (ВИДЕО)

Vecer | 09.12.2023

Лудница во Бергамо: Голчиште на Муриел – Милан на „колена“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Аталната го совладаа на домашен терен Милан со 3-2 во рамките на 15 коло во Серија А.

Во 80. минута по голот на Јовиќ за 2-2 се чинеше дека „росонерите“ ќе спасат барем бод, но во судиското надполнување следеше шок. Муриел во петата минута од продолжението погоди за 3-2 и го постави конечниот резултат.

Претходно во 38. минута Лукман погоди за водство на Аталанта од 1-0, во судиското продолжение од првиот дел, Жиру реализираше со глава за 1-1.

Лукман повторно стрелаше за 2-1, Јовиќ израмни, а херојот Муриел донесе голема радост во редовите на своите редови, но и на трибините.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk