logo
logo
logo

ЛШ: Бенфика и Баер (Л) триумфално на гостувањата во Белград и Ротердам (ВИДЕО)

Vecer | 19.09.2024

ЛШ: Бенфика и Баер (Л) триумфално на гостувањата во Белград и Ротердам (ВИДЕО)

За само едно полувреме, Бенфика и Баер (Л) ги обезбедија првите бодови во новата сезона на Лигата на шампионите. Бенфика на гостувањето во Белград против Црвена Звезда славеше со 1:2, додека Баер (Л) беше двојно поубедлив на гостувањето во Ротердам против Феенорд со 0:4.

Интересно е што сите погодоци за победа на гостите беа постигнати во првите 45. минути. Португалците на гостувањето во Белград отворија во 9′ со голот на Актиркоглу за 0:1, додека вториот гол беше дело на уште еден турски интернационалец, Кокчу во 29′ за 0:2. Ц. Звезда за момент се понадева дека може да извлече реми, откако во 85′ Милсон погоди за конечни 1:2.

Германскиот првак Баер (Л) со фуриозно прво полувреме го реши Феенорд. Во 4′ со голот на Флоријан Вирц гостите поведоа со 0:1, а во 30′ Грималдо веќе зголеми и на 0:2. Третиот гол за Баер повторно беше дело на Вирц во 36′ (0:3), а со автоголот на Валенројтер во 45′, гостите веќе стигнаа и до 0:4, кои потоа се покажаа и како конечен резултат на мечот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk