logo
logo
logo

Капело до Златан: Ако си “шеф“ како што велиш, тогаш твоја е одговорноста за ваквите резултати!

Vecer | 19.09.2024

Капело до Златан: Ако си “шеф“ како што велиш, тогаш твоја е  одговорноста за ваквите резултати!

Златан Ибрахимовиќ имаше што да му каже на Ѕвоне Бобан по сите оние критки на Хрватот за актуелните состојби во Милан. Јасно е дека не се чекаше многу Златан да му врати, но затоа сега во дебатата се вклучи и Дон Фабио Капелот, некогашен стратег на Милан и вистинска светска тренерска легенда.

Тој не ги криеше критиките кон Златан, посебно по онаа славна изјава на Швеѓанецот дека тој е шеф во Милан:

Го слушнав „шефот“ како вели дека тој е главен, зарем не? Ако е така тогаш негова е и одговорноста за резултатите на Милан. Во средниот ред нема ниту еден од шампионскитот тим. Каде е плејмејкерот на терен? А и Мората не е адекватна замена за Жиру. Ако веќе сакаш да освојуваш трофеи тогаш тимот треба да го засилиш а не се да промениш“ констатира Капело.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk