logo
logo
logo

Лидс загуби со автогол на голманот, Алиоски одигра десетина минути (ВИДЕО)

Vecer | 19.02.2021

Лидс загуби со автогол на голманот, Алиоски одигра десетина минути (ВИДЕО)

Голманот на Лидс Јунајтед, Илан Меслие, постигна неверојатен автогол со кој неговиот тим практично и загуби на гостувањето кај Вулверхемптон.

Адама Траоре испрати вистинска бомба кон голот на Лидс Ј., ја погоди гредата, па одбиената топка од грбот на Меслие заврши во гостинската мрежа.

Нашиот Езџан Алиоски денеска почна од клупата за резерви, но доби шанса во последните 10-тина минути од средбата, кога влезе на местото на Клих. За Лидс Ј. ова е веќе втор последователен пораз, трет во последните четири меча. „Волците“, пак дојдоа до третата победа во последните четири меча во Премиер лигата.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk