Лидерот во Серија А, Аталанта е заинтересиран за напаѓачот на Ливерпул, Федерико Киеза. Според италијанските медиуми, во јануари италијанскиот тим ќе даде понуда за позајмица до крајот на сезоната. Се очекува понудата да содржи откупна клаузула.
Киеза не успеа да се наметне во Ливерпул, играјќи многу малку поради постојаните повреди. Тој се пресели на Енфилд летото од Јувентус. Ако се врати во родната земја, тоа може позитивно да се одрази врз него. Тој може да и помогне на Аталанта, која оваа сезона одлично се претстави, но само доколку остане здрав подолг период.
Atalanta, l’idea di un attaccante per gennaio. Suggestione Chiesa, ipotesi Berardi https://t.co/EHxCMoxkNm Guarda su QS #Atalanta #Calcio #Calciomercato #Chiesa #Berardi
— Quotidiano Sportivo (@QS_sportivo) December 25, 2024