Голманот на Вест Хем, Лукаш Фабиански не е потешко повреден, иако ситуацијата вечерва на мечот против Саутемптон не изгледаше наивно на теренот на „Сент Мери“.
Тој по сударот со Нејтан Вуд во 36. минута остана да лежи и беше изнесен на носилки. Сепак, Фабиански не беше одведен во болница, туку неговата повреда беше третирана во медицинската соба на самиот стадион.
Со оглед на фактот дека се работеше за повреда на вратот, не беше повторена снимката во директниот пренос.
„Среќа што беше свесен во соблекувалната. Разговарав со него и докторот рече дека се чувствува добро или подобро. Така што јас сум позитивен. Лукаш ни покажа дека е повеќе или помалку закрепнат, бев многу исплашен во прв момент. Сепак, тој доби кислород на теренот и не беше многу сигурен во своите постапки. – рече менаџерот на Вест Хем, Лопетеги.