logo
logo
logo

Лазаров за двојната улога: Малку е исцрпувачки, но кога сакате нешто, го работите со страст!

Vecer | 12.03.2021

Лазаров за двојната улога: Малку е исцрпувачки, но кога сакате нешто, го работите со страст!

Љубовта кон македонскиот национален дрес е голема. Не случајно Кирил Лазаров пред собирот изјави дека се чувствува како да е во брак и со Македонија, со која има посебна врска.

Ова најдобро на дело го покажа на своето победничко деби како селектор против Данска.

Не е лесно да бидеш тренер, играч и капитен. Не е само натпреварот во прашање, тука е собирот, подготовките, проблемите и барањата на играчите. Лазаров признава дека е исцрпувачки, но љубовта и желбата кон репрезентацијата му даваат сила. Секако кога би бирал, би го одбрал овој начин, само како селектор нема да може да делува внатре, што е спротивно од карактерот на нашиот најдобар ракометар.

„Многу потешко би ми било да сум само селектор, да гледам од надвор, а да не делувам внатре. Вака кога сум на терен и сам носам одлуки и решенија и директно влијаам на резултатот на играта. Малку ме исцрпува новата улога, затоа што се подготвуваш за тренинг, треба да размислуваш на таткитка, треба да размислуваш на својата репрезентација, треба за противникот, треба за 20 играчи, па со сите да разговарате, да ги чуете нивните барања и нивните проблеми. Но, тука влегов со голем ентузијазам и сакам да ја работам оваа работа. А, нешто кога сакате, го работите со страст без проблем“, изјави капитенот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk