logo
logo
logo

Изненадување: Шпанецот ќе го предводи Милан?

Vecer | 21.04.2024

Изненадување: Шпанецот ќе го предводи Милан?

Фудбалскиот клуб Милан планира нови промени, бидејќи Стефано Пиоли ќе ги напушти „росонерите“.

Хулен Лопетеги е името кое одеднаш скокна во прв план како главен кандидат за нов тренер на Милан. Шпанецот се уште е без клуб, одби бројни понуди бидејќи ја чекаше вистинската, а тоа може да биде од Милано.

Наводно и тој притиска за негово доаѓање во Милан, нема да прави проблем со личните услови, а сега останува клубот да донесе одлука.

Очигледно на „Сан Сиро“ сметаат дека Лопетеги е одличен тренер, со јасни идеи и тактички замисли кои им ги пренесува на своите играчи.

Лопетеги навистина има силно тренерско CV, бидејќи работеше во помладите категории на Реал Мадрид, а подоцна и во пониските категории на шпанската репрезентација, беше европски првак со селекциите У-19 и У-21, а потоа зачекори на големата сцена на клупата на Порто.

Подоцна ја презеде шпанската репрезентација, која ненадејно ја напушти пред Светското првенство во Русија, бидејќи Флорентино Перез го повика да го замени Зинедин Зидан.

Тоа се покажа како грешка бидејќи тој беше отпуштен веќе на крајот на октомври. Подоцна ја презеде Севиља со која ја освои Лигата на Европа во 2020 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk