logo
logo
logo

Куманово се измачи против Црн Дрим

Vecer | 18.04.2021

Куманово се измачи против Црн Дрим

Екипата на Куманово стави крај на серијата од четири порази и да остане во игра за место во плеј-офот. По голема битка, успеа да слави на гостувањето кај Црн Дрим со 81-83 во заостанат меч од 18. коло во Првата лига.

Домашниот тим беше подобар во првата четвртина, имаше позитива од 21-12. Гостите се разбудија на средината на втората четвртина, на полувремето се изборија за плус седум (37-44). Во ист ритам продолжија и по одморот, кошаркарите на Струга и покрај двоцифрената негатива (43-53) успеаја да израмнат на 59-59, но не и да напрват целосен пресврт.

Куманово ги одбрани нападите на противникот и дојде до минимален, но доволен триумф, со кој се најде на шестото место на табелата.

Џекиќ со 20 поени го водеше својот тим, на другата страна Пантик имаше 26 поени.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk