Екстра победа на тимот на Кристал Палас на денешното гостување кај Брајтон. Конечните 1:3 се дело на супер игра на гостите кои знаеја што сакаат на овој меч, на време дојдоа до водство, на време истото го удвоија па потоа беше далеку полесно да се дојде до посакуваната цел.
По само 33. минути игра на мечот, К.Палас веќе имаше водство од 0:2, преку Шалоба односно Сар.
На нов гол се чекаше дури до 83. минута кога Сар повторно се запиша во листата на стрелците, за 1:3, за да потоа Марк Гуехи си постигне автогол за конечни 1:3.