logo
logo
logo

“Кралевите“ со 115 милиони евра го купуваат Хари Кејн, следниот јуни доаѓа и Мбапе!

Vecer | 31.05.2023

“Кралевите“ со 115 милиони евра го купуваат Хари Кејн, следниот јуни доаѓа и Мбапе!

Откако се чини дека ќе остане без Карим Бензема, Реал Мадрид има план и тоа каков. Имено познато е дека Тотенхем ја одреди цената за Хари Кејн, таа изнесува 115 милиони евра и ако веќе Кејн си оди тогаш за “спарси“ најдобро ќе биде тоа да биде Реал Мадрид. Целта е да не се засили некој клуб од Премиерлигата. Познато е дека за “бомбардерот“ интерес пројавува надвор од Островот и Баерн Минхен, но сепак Реал си е Реал.

Флорентино Перез има намера да го донесе Кејн а потоа следниот јуни тоа да го стори и со Килијан Мбапе, секако тоа ќе биде страшен тандем.

Што се однесува до Ерлинг Халанд, засега нема ништо од тој трансфер на „Сантијаго Бернабеу“, евентуално би дошол во јуни 2025 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk