Искусниот португалски фудбалер Марио Руи повеќе не е член на Наполи, бидејќи италијанскиот клуб ја прекина соработката со дефанзивецот кој во изминатите седум и пол години беше член на тимот.
И покрај тоа што во последните сезони важеше за еден од посигурните странични дефанзивци во Серија А, искусниот Руи одамна не е во плановите на тренерот Антонио Конте, па ваков епилог донекаде е очекуван.
Руи пристигна во Наполи од Рома на почетокот на јули 2018 година и веќе во својата дебитантска сезона покажа дека ќе биде големо засилување за италијанскиот тим.
Најголемиот успех со Наполи го постигна со освојувањето на Скудетото пред минатата година, кога тимот од југот на Италија доминантно стигна до голем подвиг.
„Наполи и Марио Руи соопштуваат дека меѓусебно се договориле да го раскинат постоечкиот договор почнувајќи од 30 декември 2024 година. Наполи му се заблагодарува на Марио за неговите напори во текот на годините поминати во нашиот дрес и му посакува се најдобро до крајот на кариерата“, стои во клупското соопштение на второпласираниот тим А во Серија А.