Како ли само патот од фудбалски анонимус до тоа да еден Манчестер Сити нуди тешки милиони, е неверојатен.
Станува збор за младиот дефанзивец Абдукодир Кушанов (20), кој има само 20 години е игра фантастична сезона во Ленс.
Но, да тргнеме од почеток. До пред три години, кога Узбекистанецот имаше само 17 години беше аматер во Бунодкор се пресели во белорускиот клуб Енергетик – БГУ и тоа без никаква отштета. Потоа следуваше трансфер летото 2023 година за само 100.000 евра во Ленс.
Сите се чудеа на овој поег на францускиот клуб, но Ленс покажа дека има фантастични скаути и сега Кушанов според Трансфермаркт вреди неверојатни 12 милиони евра.
Веќе има 18 настапи за Узбекистан, а сега Пеп Гвардиола сака по секоја цена да го доведе во Манчестер Сити. Секако дека Ленс ќе бара десетина милиони евра отштета.
Ете тоа е приказната на Узбекистанецот Кушанов.