logo
logo
logo

Хумелс става крај на кариерата

Vecer | 04.04.2025

Хумелс става крај на кариерата

Уште еден екстремно успешен и трофеен фудбалер на крајот од сезоната ќе стави крај на богатата кариера.
Некогашниот германски репрезентативец Матс Хумелс објави дека на крајот од сезоната официјално ќе ја заврши кариерата.

Во моментов играчот на Рома, кој има полни 36. години преку социјалните мрежи ја сподели оваа вест.

„Дојде моментот што ниту еден фудбалер не може да го избегне. По 18 години ќе ја завршам кариерата на лето“, изјави дефанзивецот кој 78 пати го носеше националниот дрес на Германија, со кој придонесе за трофејот на Светското првенство во 2014 година.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk