logo
logo
logo

Јуве го прими првиот гол сезонава и киксираше против Каљари!

Vecer | 06.10.2024

Јуве го прими првиот гол сезонава и киксираше против Каљари!

Јувентус – Каљари 1:1 е епилогот од денешниот прв меч од 7.коло во Серија А. Инаку ова е прв примен гол на тимот од Торино во новата сезона, и тој гол беше причината што тимот на Тиаго Мота не успеа дома да го победи Каљари и со тоа загуби два голема бода во битката за титулата.

Се играше 15.минута кога Влаховиќ од пенал му донесе водство на Јуве, за голема радост кај фановите на трибините на “Алијанц Стадионот“ во Торино. И кога сите помислија дека тој гол ќе биде доволен за уште една рутнска победа, во 88.минута беше покажан пенал за гостите за шок за сите во редовите на Јуве. Сигурен реализатор беше Романецот Разван Марин за конечни 1:1.

Во последните минути од мечот Јуве остана со играч помалку откако Консеисао доби втор жолт.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk