logo
logo
logo

Ова се буџетите на клубовите во ЛШ: Сити со речиси милијарда евра, следуваат Реал, Баерн, ПСЖ…Ц. Звезда и Динамо меѓу најсиромашните!

Vecer | 06.10.2024

Ова се буџетите на клубовите во ЛШ: Сити со речиси милијарда евра, следуваат Реал, Баерн, ПСЖ…Ц. Звезда и Динамо меѓу најсиромашните!

Да играш во Лигата на Шампионите е нешто нај, нај во светот на фудбалот, се разбира на клупски план. Ова натпреварување е нешто посебно, таму е кремот на клупскиот фудбал. Но за да стгнеш до таму ти треба многууу пари или буџет од барем 50 милиони евра, што за напшите клубови е фантастична сума, ако се знае, барем неофицијално, дека најголемиот буџет во ПМФЛ и натаму го има Шкендија со околу 3 милиони евра.

Кога сме кај најбогатите клубови, еве кои се буџетите на сите 36 клубови кои оваа сезона играат во Лигата на Шампионите:

Манчестер Сити (988 милиони евра), Реал Мадрид (923 милиони), Баерн Минхен (866 милиони), ПСЖ (864 милиони), Барселона (840 милиони), Ливерпул (764 милиони), Арсенал (557 милиони), Јувентус (544 милиони), Дортмунд (503 милиони), Лајпциг (540 милиони), Интер (404 милиони), Милан (396 милиони), Атлетико Мадрид (392 милиони), Бенфика (300 милиони), Астон Вила (272 милиони), Баер Леверкузен (262 милиони), Аталанта (238 милиони)…

На дното на листата се Ц. Звезда (70 милиони евра), Јанг Бојс (60 милиони), Динамо Загреб (55 милиони), Спарта Прага (53 милиони), Штурм (47 милиони) и Слован (31 милиони).

Токму последниот, тимот на Слован во рамките на 1.квалификациско коло во ЛШ го елиминираше македонскиот првак, тимот на Струга ТЛ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk