logo
logo
logo

И Пеп со потврда: Халанд ќе биде во “аут“ од 5 до 7 недели!

Vecer | 01.04.2025

И Пеп со потврда: Халанд ќе биде во “аут“ од 5 до 7 недели!

Она што се најавуваше, од она што Пеп Гвардиола и Манчестер Сити стравуваа, тоа и се оствари. Најдобриот фудбалер на “граѓаните“ ќе биде надвор од тимот веројатно два месеци.

Да потсетиме дека Ерлинг Халанд се повреди на мечот од ФА Купот со Борнмут. Тој се пожали на болки во пределот на зглобот па затоа мораше да биде заменет.

Јасно е дека без Халанд и тоа како на Пеп Гвардиола ќе му биде тешко, посебно ако се знае дека неговиот тим има очајна сезона.

Можам да потврдам дека повредата на Халанд е сериозна. Од она што ми беше кажано од докторскиот тим тој ќе паузира од 5 до 7 недели, а може и подолго. Не знам дали ќе успее да се врати до крајот на сезоната, се надевам дека ќе биде со нас на Светското клупско првенство“ изјави стратегот на Манчестер Сити.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk