logo
logo
logo

И кога не блескаат победуваат: Ракометарите со цел плен од Финска

Vecer | 28.04.2021

И кога не блескаат победуваат: Ракометарите со цел плен од Финска

Македонската ракометна репрезентација по голема борба и лоша игра ја совлада Финска со 22-27 (14-12) во претпоследниот меч од квалификациите за пласман на Европското првенство 2022 година. Со новите бодови нашите момци ставија печат на второто место во групата.

Финска им направи проблем на „црвено-жолтите“, се држеше до 50. минута по која целосно капитулираше. Реализацијата, но и слабата одбрана беше нашиот најголем проблем, имавме пет нерализирани седмерци. Со серија од 5-0 во клучните моменти Македонија црвсто зачекори кон победата.

Лазаров и Кузмановски постигнаа по пет гола, три имаше Георгиевски.

Ракометарите го одиграа второто најслабо прво полувреме во овие квалификации. Предводникот на нашиот најдобар национален тим, Лазаров дуелот го почнa со поинаков состав, без него, Стоилов, Кузмановски и Миркуловски, со Велковски, Талески, Ѓоргиев, Манасков, Пешевски, Георгиевски и Томовски на голот.

Македонија беше под нивото, само три пати имаше водство (0-1, 5-6 и 7-8). На другата страна Финска на двапати беше во позитива од три гола (12-9 и 13-10). Ракометарите промашија два седмерци, едниствена светла точка беше Томовски со седум одбрани. Лазаров го промени составот, во 16. минута, некаде пред крајот имавме пет добри минути во одбраната, но за жал фалеше реализација. Добар на голот беше Росландер со 12 интервенции.

Ништо не се промени ниту во првите осум минути по одморот, Лазаров промаши два седмереци. Росландер продолжи со магијата на својот гол. Митревски со две одбрани го дигна тимот, конечно Македонија влезе во серија на добри минути. Кузмановски и Лазаров, донесоа изедначување (17-17). Росландер го одбрани петиот удар од седум метри (18-17).

Конечно заигравме како што се очекуваше во последните десет минути. Ракометарите ја стегнаа одбраната, а нападот течеше без проблем, на голот беше одличен Митревски. По серијата промашувања, со серија од 5-0, нашата репрезентација поведе со 19-23 на шест минути до крајот.

Финска не успеа да се врати, Македонија искусно го приведе мечот и дојде до четвртата победа во овие квалификации.

Последната средба се игра во недела, во СЦ „Јане Сандански“ гостува Швајцарија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk