logo
logo
logo

ДРЖИ, ДРЖИ! ТОА БРАТЕ! Хит средба на Ѓоковиќ и Ибрахимовиќ по Мастерсот во Торино (ВИДЕО)

Vecer | 21.11.2022

ДРЖИ, ДРЖИ! ТОА БРАТЕ! Хит средба на Ѓоковиќ и Ибрахимовиќ по Мастерсот во Торино (ВИДЕО)

Веќе е познато дека Новак Ѓоковиќ и Златан Ибрахимовиќ се добри пријатели, а тоа сега е и потврдено.

Легендарниот Швеѓанец со сопругата го гледаше финалето на Завршниот Мастерс во Торино во кое Ѓоковиќ го победи Каспер Рудо, а потоа посака во бекстејџ да му честита на Новак пред соблекувалната.

Српскиот тенисер пристигна со пехарот, по што следеше топол поздрав и краток разговор.

Златан во еден момент ја пофали кондицијата на Новак.

„Не сум лош. Не баш како тебе, но...“, кратко одговори Новак.

Следеше фотографирање, а Ибрахимовиќ посака заедно да го земат трофејот.

„Држи, држи! Тоа, брат!“, рече Ѓоковиќ.

Новак на оваа средба размени неколку зборови и со Хелен Сегер, долгогодишната сопруга на фудбалерот на Милан.

Хелен и Златан заедно го бодреа Новак во големото финале.

Фото: принтскрин

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk