Гостивар ја запиша петата победа во низа, вкупно осма оваа сезона, откако на гостувањето кај Еуроникел славеше со 79-89 во меч од 14. коло во Првата лига.
Гостите го отвроија мечот со 0-7, во овој дел најголемата предност изнесуваше осум поени (30-22). Избраниците на Марјан Србиновски во ист ритам продолжија во вторите десет минути, на почетокот дојдоа на двоцифрени 27-37, на другата страна кавадарчани никако не успеваа да најдат решение за нападот на противникот. Гостивар на одморот го задржа двоцифреното водство 48-58.
Еуроникел не успеа да се врати во мечот, беше слаб противник на оваа средба, а Гостивар добро знаеше по што е дојде па триумфот го потврди во 33. минута кога дојде на плус 24 (65-89). Оваа позитива беше повеќе од доволна за мирен финиш.
Тодоровиќ со 29 поени беше прв стрелец, зад него беше Димчевски со 24 поени. Кај Еуроникел Петровски имаше дабл-дабл од 23 поени и 11 асистенции.
The post Гостиварска фурија моќно низ Кавадраци appeared first on Sportmedia.mk.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата