logo
logo
logo

Газдата на АЕК дава 300.000 евра ако Грција ја победи Англија

Vecer | 14.11.2024

Газдата на АЕК дава 300.000 евра ако Грција ја победи Англија

Ако Грците успеат и вечерва да ја победат селекцијата на Англија, како што тоа го направија на „Вембли“ во нивниот прв меч од Лигата на нации, сопственикот на фудбалскиот клуб АЕК од Атина им ветил на репрезентативците премија од 300.000 евра.

Во Атина со голема еуфорија се очекува вечерашниот меч од 20.45 часот. Сопственикот на фудбалскиот клуб АЕК од Атина, Мариос Илиопулос, јавно потврди дека бонусот за победа е обезбеден. Селекторот на Грција, Иван Јовановиќ, смета дека нерешениот резултат не треба да им биде цел на неговите момци, туку да запнат и да се обидат и вторпат да победат.

Англичаните имаат бројни проблеми со повреди, па во тимот нема да бидат Арон Рамсдејл, Трент Александер-Арнолд, Леви Колвил, Деклан Рајс, Букајо Сака, Кол Палмер, Џек Грилиш и Фил Фоден.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk