logo
logo
logo

Го продадоа за 6 милиони евра, сега си го враќаат за џабе

Vecer | 26.05.2026

Го продадоа за 6 милиони евра, сега си го враќаат за џабе

Шампионот на Хрватска, Динамо Загреб, обезбеди звучно засилување за следната сезона. Мислав Оршиќ, кого Динамо го продаде на Саутемптон пред три години за речиси шест милиони евра, се враќа на Максимир и тоа за џабе.

Долгогодишниот член на хрватската репрезентација пристигнува како слободен агент, откако му истече договорот со кипарски Пафос. Тој остави длабока трага во Динамо пет сезони, постигнувајќи 91 гол на 216 натпревари.

Откако го напушти Динамо, играше за Саутемптон и турски Трабзон, меѓутоа, не успеа да ги повтори натпреварите од загрепскиот клуб. Тој има и 27 настапи за хрватската репрезентација, со два постигнати гола.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk