logo
logo
logo

Мбапе: “Среќен сум за ПСЖ! Веднаш потпишувам Франција да биде светски првак, а јас да не бидам стрелец на СП!“

Vecer | 13.06.2026

Мбапе: “Среќен сум за ПСЖ! Веднаш потпишувам Франција да биде светски првак, а јас да не бидам стрелец на СП!“

ФОТО: Équipe de France de Football/FB

Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, даде интересно интервју за локалната телевизиска станица М6. Можеби звучи чудно, но тој објасни дека е среќен за својот поранешен тим Пари Сен Жермен, кој ја освои без него и втората титула во ЛШ:

Веднаш им честитав на играчите во Клерфонтен. Беше важно, особено затоа што беа петмина. Жал ми е за Вилијам Салиба, но полесно е да се утеши еден човек отколку петмина. Ние го поддржувавме ПСЖ во наш интерес: тие мораа да победат за да не изгубиме премногу играчи емоционално.“истакна Мбапе и продолжи…

“Ако повторно се сретнеме со Аргентина? Како и секогаш, ќе бидеме решени и гладни за победа“, додаде капитенот на Франција.

Имав шанса да учествувам на два големи турнири, да одам далеку, да настапам добро и да оставам свој белег на најголемото натпреварување. Но, она што го сакам е да се вратам со пехарот на 20 јули“, категоричен е Мбапе.
На прашањето на новинарот дали би се согласил Франција да стане светски шампион без тој да постигне ниту еден гол, напаѓачот одговори: „Да, потпишувам и ќе бидам прв на Шанзелизе, но секогаш помага да се постигнуваат голови“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk