Она што се најавуваше и се оствари. Како што објави ФС на Германија, од следната сезона Суперкупот во фудбалска Германија ќе се нарекува “Франц Бекенбаур“ и тоа во чест на иконата на гермаскиот фудбал, најдобриот фудбалер во историјата на оваа земја и еден од најдобрите во светот на фудбалот.
Човекот кој со својата Германија како играч стана светски првак во 1974 а во 1990 тоа го направи и како селектор.
Познато е дека Бекенбауер почина во јануари оваа година.
“Секако дека на Франц би му се допаднало мечот од Суперкупот на Германија во кој се среќаваат шампионот и победникот во Купот, да се именува по него“ изјави вдовицата на Франц, Хајди Бекенбауер.