Денеска во Бирмингем, во дербито на колото во Премиер-лигата, Астон Вила со 2:1 го победи Манчестер Сити. Јасно е дека домашните фанови се насладуваа на оваа победа на својот тим, а посебно имаа што да му кажат на Џек Грилиш, нивниот некогашен миленик кој во летото 2021 година направи трансфер од Астон Вила во Манчестер Сити.
Џек Грилиш е дете на Вила, имаше шпекулации дека би можел и да се врати на “Вила Парк“, но по она што го направи по денешниот меч може да заборави на тоа.
Откако фановите на Вила почнаа со погрдни зборови да го навредуваат репрезентативецот на Англија и офанзиевец на Сити, тој направи гест со кој сакаше да каже:
„Јас имам три титули со Сити. А вие?“.
Малку непристојно и претерано од негова страна, но тоа е тоа.