logo
logo
logo

Герет Саутгејт сепак ќе стане витез

Vecer | 31.12.2024

Герет Саутгејт сепак ќе стане витез

Поранешниот селектор на Англија – Герет Саутгејт доби статус на витез, соопшти прес-службата на британската влада.

Саутгејт беше именуван во списокот за новогодишни почести на кралот Чарлс. Целосната листа вклучува повеќе од 1.200 луѓе кои придонеле во изминатите 365 дена во политички, спортски, креативни или јавни активности. Ним ќе им бидат доделени почести кои се движат од член, командант, витез и офицер во редот на Британската Влада.

Репрезентацијата на Англија во периодот од 2016 до 2024 годин под негово водство никогаш не успеа да освои трофеј, но тој сепак ги постигна првите значајни успеси во фудбалската историја на „трите лава“ по половина век, откако го квалификуваше својот тим во финалето на ЕП 2020 и ЕП 2024 како и до битката за медали за време на Светското првенство во Русија 2018 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk