logo
logo
logo

Франк де Бур: Можеби подобро би било Холандија да загуби од Македонија!

Vecer | 27.05.2021

Франк де Бур: Можеби подобро би било Холандија да загуби од Македонија!

По објавувањето на скратениот список за настапот на репрезентацијата на Холандија, инаку наш ривал во групата Ц на ЕУРО, селекторот Франк де Бур имаше свој коментар околу неговите очекувања.

Холандија уште по првите два меча ќе обезбеди пласман во 1/8 финалето на ЕУРО. Прво играме со Украина, во меч кој ќе го добиеме со 3:1, па потоа Австрија ќе ја победиме со 2:1, и на крај, во последниот меч ќе славиме победа над Македонија со 3:0. Од друга страна можеби би било подобро да загубиме од Македонија. Имено ако сме први во групата во натамошната фаза од ЕП ќе не чека ривал од групата на `смрта`, каде што се Франција, Португалија и Германија. Ако завршиме како трети ќе добиеме многу полесен противник, сепак идеално би било да сме втори“, посочи Де Бур.

Македонија и Холандија играат на 21. јуни во Амстердам, ова е последен меч за нашите момци во рамките на групната фаза. ЕУРО го отвараме против Австрија во Букурешт на 13. јуни, четири дена подоцна се среќаваме со Украина.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk