Тренерот на Милан, Пауло Фонсека на денешната прес конференција пред утрешниот дуел со Каљари откри дека ќе стартува со тинејџерската сензација Франческо Камарда во составот. Исто така потврди и дека Леао ќе биде негова опција за утре.
„Рафа Леао ќе игра од првата минута. Утре ќе има помалку простор отколку во Мадрид. Важно е да победиме, натпреварот ќе биде поинаков. Се обидов да имам стратегија со Леао која порано не функционираше, сега ја сменив и работите се подобри. Никогаш не сум имал проблеми со него и очекувам да продолжи така, можеби ќе го видиме уште неколку пати на клупата“, започна Фонсека па продолжи.
„Мората нема да игра утре. Чуквуезе е добар, но сега Камарда е поподготвен да ја игра улогата на Мората и она што Алваро го прави за тимот. Абрахам се уште не е ок. Камарда игра како да е веќе искусен и многу верувам во него“ – рече Фонсека.