logo
logo
logo

Шокантно: Мбапе нема да игра за Франција додека Дешамп е селектор?!

Vecer | 08.11.2024

Шокантно: Мбапе нема да игра за Франција додека Дешамп е селектор?!

Дали на повидок е мега – скандал во фудбалска Франција, поточно во репрезентацијата на оваа земја. Имено познато е дека за ноемврискиот циклус во Лигата на Нации, селекторот Дидие Дешам не го повика својот најдобар фудбалер, инаку напаѓач на Реал Мадрид. Тоа не му се допаднало на Килијан, па имал што да каже, а тоа е дека има намера да се откаже од играње за својата земја се додека селектор е Дешамп.

Ова доаѓа откако Мбапе во договор со Дешамп го прескокна октомврискиот циклус во Лигата на Нации, за да потоа беше вовлечен во скандал во Стокхолм поради наводно силување во еден ноќен бар во главниот град на Шведска.

Ова толку го разгневило Дешамп кој одлучил малку да го “спушти“ на земја Килијан и затоа не го повикал за наредните мечеви. На пресот тој не сакал премногу да елаборира зошто тоа го направил.

Сега цела Франција е во шок, бара одговори од Дешамп, но и од ФС на Франција.

Дали се повторува “приказната“ со Карим Бензема?

Дешамп е познат по тоа што не трпи недисциплина од страна на репрезентативците, па макар тоа се случувало надвор од репрезентавниот собир.

Јасно е дека Мбапе не е Бензема, јасно е дека ако навистина Килијан одлучи да не игра веќе за Франција со Дешамп како селектор, тогаш се знае кој ќе добие отказ.

Дали ова е шансата за Зинеди Зидан конечно да седне на селекторската фотеља на својата земја?

Останува да се види.

ФОТО: Twitter


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk