logo
logo
logo

ФИФА размислува за промени кои за Македонија би значеле историја!

Vecer | 06.03.2025

ФИФА размислува за промени кои за Македонија би значеле историја!

Системот со 32-те најдобри селекции се покажа како исклучително добар, но ФИФА реши да го прошири натпреварувањето, па во 2026 година 48 екипи ќе се најдат на турнирот кој се игра во Канада, САД и Мексико.

Додека многумина веруваат дека Светско првенство со 48 репрезентации е едноставно премногу и ќе го убие квалитетот на фудбалот, ФИФА не мисли така и е подготвена за ново проширување.

Така, Извршниот комитет на ФИФА ќе предложи на Светското првенство во 2030 година да играат дури 64 репрезентации.

„ФИФА објави дека размислува да го зголеми бројот на тимови на Светското првенство во 2030 година. Ќе се натпреваруваат 64 репрезентации, со што ќе се прослави стогодишнината од првото Светско првенство“, се вели во соопштението.

Првенство со 64 екипи значи дека секоја сериозна репрезентација ќе се натпреварува на Светското првенство во 2030 година. Доколку се остварат овие најави, проширувањето ќе биде одлично за земја како Македонија, доколку не нашата репрезентација не успее да се најде на СП 2026, во тој случај можеби четири години подоцна ќе испише историја.

Проширувањето е секако изводливо со оглед на тоа што натпреварите ќе се одржуваат во дури шест земји.

Домаќини се Мароко, Португалија и Шпанија, а бидејќи натпреварувањето ја одбележува стогодишнината, специјални домаќини се Аргентина, Парагвај и Уругвај. Во секоја од овие земји ќе се играат по три натпревари.

Светското првенство во 2030 година е предвидено да се игра од 8 јуни до 21 јули. Ќе се игра во 20 градови.

По оваа вест, има многу љубители на фудбалот на кои им се допаѓа идејата, но има и такви кои веруваат ова е уништување на фудбалот од страна на Џани Инфантино.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk