logo
logo
logo

Еве како изгледа ногата на Ван Дајк по “крвничкиот“ старт на Гордон!(ФОТО)

Vecer | 26.08.2025

Еве како изгледа ногата на Ван Дајк по “крвничкиот“ старт на Гордон!(ФОТО)

ФОТО: Liverpool FC/FB

Среќа, голема среќа имаше вчера Вирџил ван Дајк во судиското продолжение од првото полувреме. Малку недостигаше да доживее тешка повреда, па и скршеница откако врз него жестоко и “крвнички“ срартуваше играчот на Њукасл, Ентони Гордон и тоа без потреба. Јасно е дека Гордон доби директен црвен картон, а вие можете подолу да видите како изгледапе ногата на Холанѓанецот по тој старт.

Инаку вчерашниот меч на „Сент Џејмс Парк“ ќе се памети. Ливерпул имаше водство од 0:2, Њукасл иако со играч помалку успеа да израмни на 2:2, за да во 90+10.минута 16-годишниот Нгумоха со прекрасен гол му донесе победа на шампионот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk