Аталанта се врати на победничкиот колосек во италијанското првенство, славејќи во натпреварот од 15-то коло од Серија А на домашен терен против Каљари со резултат од 2:1, во натпревар каде што Џанлука Скамака се истакна како двоен стрелец.
По големата победа против Челзи во Лигата на шампионите, со која ја завршија тековната година на високото петто место во Лигата на шампионите, момците на Рафаеле Паладино се вратија на своите обврски во домашното првенсто,
На домашните не им требаше долго време да поведат, бидејќи Џанлука Скамака ја затресе мрежата на противникот во 11-тата минута, наоѓајќи се на вистинското место во вистинското време по ударот на Запакоста, испраќајќи многу остра топка во голот.
Во продолжение од средбата, гостите израмнија во 75-тата минута кога Џанлука Гаетано постигна гол за 1:1.
Реакцијата на Аталанта беше очекувана, а дојде во 81-вата минута кога Скамака го постигна својот втор гол за конечни 2:1.