logo
logo
logo

ЛУДИЛО и ДРАМА на „Емирејтс“: Арсенал славеше со двата автогола на “Волците“!

Vecer | 13.12.2025

ЛУДИЛО и ДРАМА на „Емирејтс“: Арсенал славеше со двата автогола на “Волците“!

ФОТО: Arsenal/FB

Уф, каков меч вечерва на „Емирејтс“ во Лондон. Арсенал – Вулверхемптон 2:1 и тоа со победнички гол или автогол во 90+4.минута.

Арсенал не беше на своето ниво, а против себе го имаше најслабиот тим во ПЛ. Се реда акции, шанси, поседот на моменти и 84-16, но гол немаше, па немаше.

И тогаш во таа 70.минута Сака изведува корнер, топката удри во стативата а потоа и во голманот на гостите и заврши во неговата мрежа за 1:0 за Арсенал, тоа беше првиот автогол.

Гостите не се предадоа, во 90.минута израмнија на 1:1 со голот на Арокодаре. Тоа беше шок за Арсенал, за сите фанови на домашните.

Сепак во 90+4.минута гостите “честеа“ уште еден автогол, овојпат на Москера за конечни 2:1.

По ова секако имаше еуфорија на трибините, домашните еуфорично се израдуваа, посебно ако се знае дека во случај на реми утре веројатно Манчестер Сити ќе го преземеше врвот на табелата.

Ова е уште една опомена за Арсенал и Артета, ако сакаат да бидат шампиони, ваквите мечеви мора да ги добиваат на рутина.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk