logo
logo
logo

Екс-сметководителката на ФФМ нелегално влегувала во системот и ги бришела доказите за проневера на пари

Vecer | 19.02.2021

Екс-сметководителката на ФФМ нелегално влегувала во системот и ги бришела доказите за проневера на пари

Финансиската полиција минатата година поднесе кривични пријави против поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, поранешната сметководителка на Федерацијата, Олгица Младеновска, и уште други девет физички и единаесет правни лица за проневера на 2,4 милиона евра.

Во меѓувреме случајот доби нова димензија. Имено, поранешната раководителка на одделението за финансии и сметководство во ФФМ сторила кривично дело оштетување и нелегално влегување во компјутескиот систем.

Финансиската полиција информира дека О. М., по отстранувањето од работното место во ФФМ, во периодот од 13 до 28 октомври 2019 година во повеќе наврати неовластено пристапувала до програмата за сметководство на ФФМ преку апликацијата Team Viewer со која преку нејзиниот личен компјутер, надвор од просториите на ФФМ, влегувала во системот на ФФМ при што таа вршела измени: прекнижување, докнижување и бришење ставки во евиденцијата на ФФМ, а сè со цел да ги прикрие трагите од сторените кривични дела што ѝ се ставаат на товар.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk