Бојан Миовски не доби шанса да му помогне на неговиот тим Џирона, на денешното гостување во Рајо Ваљекано. Меч кој патем Џирона го загуби со конечни 2:1.
Дуелот и без Миовски за момент отиде во полза на неговиот тим бидејќи Гил погоди за 0:1.
Сепак, во рок од три минути Нтека со два гола во 80. односно 83. минута направи комплетен пресврт, и му донесе три бода на домаќинот.
Истите го поставија Рајо на одличното седмо место на табелата, додека пак Џирона сега е деветта.