Нејмар е се поблиску до враќање во Сантос. Раководството на бразилскиот клуб постигна устен договор за трансфер на напаѓачот кој настапува за Ал-Хилал од Саудиска Арабија.
Забележано е дека 32-годишниот играч се согласил на трансферот. Следната недела ќе бидат преземени официјални чекори за негово потпишување. Претходно беше објавено дека се размислува и за позајмица и за раскин на договорот со Ал-Хилал, кој истекува ова лето.
Доколку замине од Ал Хилал ќе остане без 65 милиони долари. Од друга страна, „ЕСПН“ тврди дека тој би можел да надомести барем дел од таа загуба со влегување во инвестициски фонд, заедно со неговиот татко, со кој би станал сопственик на акции во Сантос.