Се уште тазе поставениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, вчера пред новинарите на шега рече дека се чувствува 10 години постар откако дојде на „Олд трафорд“.
Тренерот на „црвените ѓаволи“ по победата над Фулам (1:0) во 23. коло од Премиер лигата доби честитки за неговиот 40-ти роденден.
„Не 40, се чувствувам како да имам 50. По два месеци во Манчестер Јунајтед веќе имам 50 (се смее). Ви благодарам многу, многу сум задоволен што го поминав мојот роденден овде во клубот. Имате прекрасна земја. Утре ќе уживам во победата“, изјавил Аморим.