logo
logo
logo

Џирона е сензација, славеше во Виљареал и е лидер, Реал лесно со Лас Палмас

Vecer | 27.09.2023

Џирона е сензација, славеше во Виљареал и е лидер, Реал лесно со Лас Палмас

 

Екипата на Џирона продолжува да изненадува во Ла Лига. Вечерва помалиот каталонски тим славеше на гостувањето кај Виљареал со 1:2 во 7.коло и сега е лидер со 19 поени (шест победи и едно реми).

Дани Парехо од пенал во 49 минута го доведе Виљареал во водство, но Џирона го сврте резултатот преку украинскиот репрезентативец Довбјук и на шпанскиот дефанзивец Ерик Гарсија.

А и Реал Мадрид победи ова коло. Славеше дома над Лас Палмас со 2:0 со голови на Брахим Диаз во првото и на Хоселу во второто полувреме.

Атлетик Билбао и Хетафе одиграа 2:2.

Џирона е лидер со 19 бодови, Реал е втор со 18, трета е Барселона со 17…

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk