logo
logo
logo

“Дортмунд ќе ја збрише Барселона!“

Vecer | 08.04.2025

“Дортмунд ќе ја збрише Барселона!“

Утре од 21 часот, во меч од 1/4 финалето во Лигата на Шампионите, Барселона го дочекува Дортмунд. Ова ќе биде прв меч, реваншот во Германија се игра следната недела.

Реално Барса е голем фаворит и се освен пласман на четата на Ханси Флик во следната фаза ќе биде големо изненадување.

Сепак така не мисли Дитмар Хаман, некогашен репрезентативец на Германија, некогашен играч на Баерн Минхен, Ливерпул, Њукасл и Манчестер Сити.

Тој не само што смета дека Дортмунд ќе излезе како победник од овој двомеч, туку тоа ќе го направи убедливо:

Сметам дека Дортмунд добро е подготвен, ќе ја збрише Барса и ќе оди во полуфиналето. Да, Барса постугнува многу голови зошто има екстра напаѓачи, но Дортмунд знае да се справи со тоа, знае што е потребно да се стори“ посочи Хаман.

Навистина неверојатна изјава.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk