logo
logo
logo

Во Барселона гневни на федерацијата по скандалот со билетите за финалето во “Копа дел Реј“!

Vecer | 24.04.2025

Во Барселона гневни на федерацијата по скандалот со билетите за финалето во “Копа дел Реј“!

Како што самите информираа, раководството на Барселона ќе направи сопствена истрага по скандалот со билетите за претстојното финале во “Копа Реј“, во кое во сабота во Севилја се среќаваат Барселона и Реал Мадрид.

Стотици каталонски фанови се уште не ги добиле своите вредни билети а друг дел кои ги добиле содржат неточни информации. Проблемот доаѓа од дистрибутивната компанија One Box, ангажирана од Кралската шпанска фудбалска федерација, чиј систем не работел како што треба.

Од самата компанија го потврдија проблемот, но и најавија дека проблемите се решени и во тек е дистрибуцијата на билетите.

Барселона беше многу незадоволна од она што се случуваше, бидејќи е веројатно дека стотици навивачи на клубот нема да можат да присуствуваат на претстојниот судир со  Реал Мадрид.

Каталонците ја опиша грешката направена од компанијата како „неприфатлива“ и не исклучуваат преземање правни мерки. Дополнителен гнев предизвика фактот што нема докази за слични проблеми со билетите за навивачите на Реал Мадрид.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk