Повеќе нема дилеми. Пауло Фонсека ќе биде поранешен тренер на Милан, управата на тој клуб реши да го замени по ремито против Рома, а негов наследник ќе биде поранешниот тренер на Порто, Серхио Консеисао.
Во Милан имаат причини да направат вакво нешто во моментов. Секако тоа се парите. Милан добро се заштити од Фонсека во договорот кој беше потпишан, па имаше клаузула Фонсека иако потпиша тригодишен договор нема да ги земе сите пари што ќе му следуваат.
Напротив, Фонсека ќе има право само на парите што би го следеле до крајот на оваа сезона.
Зошто?
Во клаузулата стои дека доколку биде ослободен од клубот пред 31 декември 2024 година, клубот нема да мора да му ги исплати преостанатите две години од договорот.
Official Statement: Paulo Fonseca
— AC Milan (@acmilan) December 30, 2024