logo
logo
logo

test

„Џиро Ди Италија“ оваа година почнува место во Будимпешта, ќе почне од Торино

Vecer | 04.02.2021

„Џиро Ди Италија“ оваа година почнува место во Будимпешта, ќе почне од Торино

Организаторите на велосипедната трка „Џиро Ди Италија“ денеска објавија дека годинашното 104-то издание ќе започне во Торино, најголемиот град во регионот на Пиемонт, а првата етапа ќе биде единечен хронометар на девет километри.

„На 160-годишнината од обединувањето на Италија, Торино и регионот Пиемонт ќе бидат домаќини на големиот почеток на Џиро Ди Италија, а последен пат тоа се случи пред десет години“, се вели во изјавата на организаторите.

Пиемонт ќе биде домаќин на првите три етапи, а велосипедистите ќе се вратат во регионот во финалето кога целта на 19-та етапа ќе биде на врвот на Алпе деи Мера во Валсезија, а претпоследната, 20-та етапа ќе започне од Вербанија. Инаку трката официјално ќе почне на 8 мај, а првично беше планирано стартот да биде во Будимпешта, но поради ковид-кризата унгарските власти не дозволија трката да тргне од унгарската престолнина.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk