logo
logo
logo

Данска се спаси во Швајцарија

Vecer | 28.04.2021

Данска се спаси во Швајцарија

Швајцарија пропушти вистинска шанса да постане втората репрезентација во нашата група која успеала да го совлада актуелниот светски првак. Данска без Микел Хансен, Никлас Ландин, Ханс Линдбер, но и селекторот Николај Јакобсен, иако беше далеку од посакуваното ниво сепак дојде до минимален триумф од 28-29.

Домашниот состав одлично го искористи некомплетниот состав на противникот. Во првото полувреме доминираше, најголмета позитива изнесуваше пет гола (11-6, 12-17, 16-11). Данска само двапати водеше во овој дел, на почетокот на мечот 0-1 и 1-2.

По негативата од 17-14, актуелниот светки првак се врати во мечот, со серија од 4-0  поведе со 22-23, а дуелот влезе во неизвесна завршница. По погодокот на Менса Ларсен за 28-29, настана хаос на теренот, двете репрезентации влегоа во серија на грешки. Истиот дански ракометар погоди за 28-30, Швајцарија врати, но немаше време ниту за реми.

Данска останува лидер во нашата група со осум бода исто колку и Македонија. Швајцарија е последен противник во квалификациите за ЕП 2022 година, во недела гостува во СЦ „Јане Сандански“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk